Во почетокот бевме мала партија. тргна тоа повеќепартиско, па и ние нелкумина решивме да формираме партија. Но од почетокот знаевме да ја критикуваме власта. Ништо што она на власта ќе го направат не ни беше доволно добро. И за најмала грешка им скокавме на врат. Секогаш тврдевме дека ние можеме подобро и повеќе.
Учествувавме на сите антирежимски демонстрации, а некои и самите ги организиравме. Бевме редовни гости на политичките трибини, а нашите луѓе беа брилијантни на телевизиските дуели. Предизборните слогани ни беа ефектни и духовити, а спотовите емотивни и убедливи. Секој наш настап во медиумите беше грижно планиран.
Се подразбира дека нашиот кандидат за претседател беше најубав и се облекуваше по последна мода. И сите ние водевме грижа за линијата и имиџот. Ветувањата кои ги дававме делуваа реално и остварливо.
И се случи. Народот почна да ни верува. На последните избори добивме неверојатно голем број гласови. Партијата освои мнозинство и во Собранието и во Владата. Нашиот кандидат стана претседател на државата. Го добивме и местото градоначалник на градот. Ни сами не знаеме колку наши луѓе добија функции во општинските и државните претпријатија.
Во целиот тој успех постои само еден проблем.
Ние ништо не знаеме да работиме.