Поспори од себе

Да претпоставиме дека млад и креативен човек посака од својата Сегашност да оди во својата иднина.

Го полни куферот со своите сфаќања за сето постојно и тргнува. Ама, што се случува? Не може да направи ниту еден чекор, затоа што луѓето околу него, во силно брзање се размавтуваат со своите куфери. Во таков хаос не успева ни да се запраша откаде им сила, така стари, така неконтролирано, и со полни раце да трчаат напред. Не му се чинеше ни чудно од каде им таква жестокост на постарите луѓе да одат напред. Работата му стана јасна кога на еден од нив, случајно му се отвори куферот. Од него испаднаа еден куп разни сфаќања на сето постојно. Сега сѐ се склопи. Таков куфер помалку оптеретува отколку неговиот.

Зафатен со своите размислувања тука и таму направи некое чекорче. Не е ни свесен дека пред него секогаш се намножуваат нови и нови делови од стварноста. Таа иста маса сѐ повеќе и повеќе го потискува и го гази отколку што го носи напред.

На основа на сето ова, мудро е да се заклучи дека со вакви луѓе нема одење напред. За нив најдобро би било да ги фрлат куферите и со сета сила да потрчаат напред. Само кој ќе им гарантира дека нема да биде доцна?

Оваква Сегашност не би им посакал ниту на најголемите непријатели. Се разбира, мене никој не ме прашува за ништо. Затоа, сѐ повеќе верувам дека самите себе си станавме непријатели…

AdBlocker Message

Our website is made possible by displaying online advertisements to our visitors. Please consider supporting us by disabling your ad blocker.