Бал под маски

Далеку зад седумте планини и седумте мориња… има една земја чиј народ со векови сонува да живее како и целиот останат свет… а кога долго се сонува и искрено посакува, желбата на крајот и се остварува. Благодарение на Корона, желбата им се исполни. За прв пат, откако знае за себеси, оваа земја и овој народ живее во согласност со светските трендови. Под маска и на далечина. Светски, а свои. Рака на срце, не се сите свои, но се во тренд. Сите се во тренд. Во мода се и крадците се маскираа во чесни граѓани.

На годишнината од носењето на маските, ја прелистувам нивната годи- на скриена под маските. Се што правеле правеле под некоја маска, па не се знаело што прават чесните граѓани, а што чесните крадци. На некој Корона му падна во мед па имаше рекордна жетва. Други само го обраа бостанот.

Секој што ја следеше Корона можеше да види како вирусот мутира. Науката утврдила дека кога вирусот мутира, се создава нов вид. Животот не учи дека кога човек мутира, тој станува несој. Во оваа земја, мутира и народот и се појави нов сој. Несој станаа другите.

Покрај епидемијата, изминатата година ја одбележаа и избори во среќните земји неволјата никогаш не доаѓа сама. И оваа мака ја живееја под маски, па не се знаеше кого им избраа оние горе, а за кого гласаа овие долу. Кога паднаа маските, видоа дека власта се сменила. Власта е променета, но повторно победи народот маскиран во граѓани. Граѓаните ќе чекаат да паднат маските.

На изборите се случи чудо. Согласно светските трендови Власта е променета, а победниците, согласно локалната традиција и практика не ја признаваат победата. Не им е јасно каде згрешиле. Тие бараат тројански коњи во своите редови, но и коњите носат маски, па не се знае кој е коњот, а кој е победник.

Победниците не знаат што да прават со победата, едвај чекаа да им ја утрапат на друг. Градат влада како што некогаш го градеа Скадар. Сè што ќе договореа дење, ќе уништуваа ноќе. Секогаш кога ќе се договореа за карактерот на идната Влада, ќе се расправаа за карактерот  на оние кои сакаат да влезат во Владата, па новата Влада се повеќе наликува на несакана бременост од вонбрачна врска. Владин абортус. Го посакуваат тоа и во Владата, ама Црквата не одобрува абортус, а тие се заколнаа на Господ. Со Уставот само се служат.

Дури по смената на власта народот сфати дека неговите избрани претставници мутираат додека ја вршеа власта. Затоа Народот едвај чека да ги доведе пред лицето на Правдата, но Правдата никако да ја симне маската и да го покаже лицето…

Дарежлив народ живее во оваа земја најмногу сака да мрази. Тоа е единственото нешто што го знаат и тоа е единственото нешто што можат да го направат. Да се мразиме… и да се мразиме. Никој не ги знае причините за омразата. Велат дека никој не ни знае зошто треба да се сакаат. Затоа мразат се и секого освен Татковината. Нивната татковина е Светиња. Го сакаат и во однос на валутата и по квадратен метар, ширина и длабочина. И тие не ги даваат Светците. Ниту во валута ниту по квадрат, ниту во ширина ниту во длабочина.

Далеку зад седумте планини и седумте мориња… има земја чиј народ живее во склад со светските трендови. Маските се задолжителни, па го живеат балот под маски. Се маскираат во своето светло минато, тоа барем го имаат во изобилие. Сите поранешни, никој од иднината. Иднината не живее во неа. Во неа живее нивното светло минато и сите тие живеат во минатото. Сите против сите…

Далеку зад седумте планини и седумте мориња… постои земја чии луѓе го живеат своето светло минато под маски и во согласност со светските трендови. Стекнуваат имунитет на стадо… а за тоа им фали само имунитет.

AdBlocker Message

Our website is made possible by displaying online advertisements to our visitors. Please consider supporting us by disabling your ad blocker.