Кулиси

Решивме цврсто, овој пат. Едноставно треба да доживееме подобро утре. Некако многу се одолговлекоа владините ветувања за благодетен живот, те следната, те наредната, те престапната… Ако сакам да видам посветла иднина, приоритет е да се најде начин да се продолжи животниот век.

Си поставивме цел, како семејство, јас да починам со едно сто и дваесет години, сопругата на сто и триесет години, што е реален рок за земјата Србија да забележи одредено подобрување. Недостижно? Се лажете. Имам земено предвид многу работи, како да речеме, пронаоѓање нови лекови, лечење во вселената и почитување на Хипократовата заклетва во нашата медицинска струка.

Но, треба да се стигне до дадениот рапер, а пред се, да живеете здрав живот, да ги исфрлите сите лоши навики и пороци. Погодувате, канцерогените месни преработки беа првите што излетаа од менито. Збогум, џигерчиња, сирења, сапуни и рибизли! Адиос кавурмо, хурко, шкембиња! Збогум бел леб! Сите ве жртвувам на олтарот на богот Гурман. Се жртвувам, затоа што сакам да ја гледам татковината како победник, ценета и богата земја од која не се бега.

Бидејќи патот до подобро утре е долг, решив да водам дневник, кој со задоволство ќе го прелистам во наредните векови.

Прв ден: Појадував двопек со намаз од тофу сирење. Се чинеше дека е расипан, многу горчлив. Децата не сакаа да го јадат, сопругата се претвора дека е вкусно. За ручек јадев зеленчук на скара и ориз. Ми се спие. Вечерав посен качамак, не може да се голта.

Втор ден: Тост и лимонада, ме гори стомакот. На улица сите се вртат по мене, цревата ми кркорат. Ручек, грав со кнедли, пола тенџере го изедов, ураган во стомакот. Децата не сакаат да јадат, жената се прави дека е преродена. Вечера со банана и морков, се пресно. Се издрав на кучето, сега ми е жал.

Трет ден: Викенд, децата отидоа кај бабите и дедовците, им дадов инструкции да не им даваат месо. Појадував печено филе, ручав варени компири, вечерав ориз со мед. Жената изигрува виталност, јас едвај се влечам.

Четврти ден: Тофу повторно. Убеден сум дека рокот помина. Кој може да го јаде ова? Ручам слатка пченка, како да сум кокошка, а не човек. Жената отиде да се шета, вели, движењето и свежиот воздух го зајакнуваат имунитетот. Тајно пробувам храна за рипчиња, ист вкус како тофу, само појак. Кој кого заебава овде?

Петти ден: Халуцинации. Како, јас играм фудбал со некакви влакнести топки, а кога ќе престанат, се претвораат во прасиња мангулици. Ги тепам, ги кревам, ги мнапивам со вода и шеќер, па ги ставам една по една на вага, да видам колку се здебелиле. Постојано плачам. Децата бесно  јадат месо кај баби и дедо, тајно, без јас да знам.

Шести ден: Ми пријде комшијата, вели, подобро тој прв да ми каже, отколку да слушнам од други. Имено, ја виде мојата сопруга како од нога, јаде бурек со месо во пекара. Сакав прво да ја демаскирам, да падне сцената од оваа неподнослива состојба, да ги симнам маските, но… Нешто подобро ми падна на памет…

Седми ден: Купив дваесет килограми прасе од Лаки, го дадов да се испече. Скришно го однесов на таванот. Малку, малку, одам да ги поправам плочките и да го исчистам оџакот. Жената прашува, што ќе ти краставиците таму горе? Што ти е гајле, одговарам.

Осми ден: Се преправам дека тофуто е вкусно, особено на оризови плочки. Љубовта цвета во куќата. Нарачав уште една свиња, метар бели, метар чадени колбаси. На сите на улица им кажувам колку сум препороден откако сум на оваа диета.

Само уште никој да не ни ги допре кулисите…

AdBlocker Message

Our website is made possible by displaying online advertisements to our visitors. Please consider supporting us by disabling your ad blocker.