Дедо ми веќе почна да ми пречи со приказни за херојството на нас Србите, а особено на нашето семејство. Постојано ме потсетуваше да избегнам некои други занимања, но да се подготвам за офицер, како дедо, како прадедо… Зборуваше дека ги почитува лекарите и професорите, но сите тие беа „трици и кучина“ спрема униформата. Особено сабји.
-Запомни, – ми рече тој, – Кога ќе пораснеш ќе бидеш херој, односно офицер.
А, нас децата нѐ привлече едно момче од петтиот кат. Беше облечен на најмодерен начин, возеше „мини купер“, зборуваше неколку светски јазици, беше љубезен кон децата и често играше баскет во дворот со нас. Бевме фасцинирани од него.
Тоа не им се допадна, ни на мама ни на тато, а особено на дедо. Мама и тато, ми се чини, беа малку љубоморни на тоа успешно момче, кое работеше во некоја невладина организација и имаше многу пари. Дедо, со гнев во гласот, тврдеше дека тој е странски платеник. Не знаев точно што значи тоа, но колку што можев да видам, тоа беше добра професија.
Таа зима, дедо само што се опоравуваше од грип, кога дојде нашата слава. Очекувавме гости, а дедо ми со строг глас ме предупреди:
– Кога ќе те прашаат што ќе бидеш кога ќе пораснеш, знаеш што треба да одговориш, нели? – беше повеќе од сериозен. – Внимавај, тука ќе бидат и нашите роднини од село.
И кога некој мој роднина, инаку службеникот на дедо ми, ме праша што ќе бидам кога ќе пораснам, се збунив и се слушнав себеси како велам: ќе бидам странски платеник! Гостите немо зјапаа, а дедото со рацете се фати за градите и падна низ столот.
На погребот на дедо ми, луѓето се приближуваа до ковчегот, се крстеа и палеа свеќи. А тогаш премрев, сосед од петтиот кат се упати кон ковчегот. Мислев, за момент, дека дедо ќе го сфати тоа како провокација, дека ќе скокне од сандакот и ќе го задави соседот. А соседот само достоинствено се приближи до кутијата и стави црвена ружа на капакот.
Дедото дури и не се помрдна.