ЧЕТВРТА ДОЗА – ЗБОРНИК АФОРИЗМИ

Здружение на хрватски афористичари и хумористи

 

Издавач: Здружение на хрватски афористичари и хумористи

За издавачот: Младен Вуковиќ

Уредници: Јандре Дрмиќ, Дражен Јерговиќ, Мирослав Вукманиќ и Роберт Мариќ

 

Земјата се загрева, а нашите зими никогаш подолги.

Марко Бабиќ

 

Откако се измислени парите, признанијата веќе не се потребни.

Жељко Бајза

 

Клечам за да се исправам.

Јосип Балашко

 

Малите риби сигурноста ја бараат во јатата, а големите во длабочината.

Иван Башиќ

 

Ништо не е залудно, залудно е ако е ништо.

Светислав Билјановиќ СВЕБ

 

Сакам се што сакаат гладните.

Хелена Бинѓа Драцлин

 

Врзан е за да лае.

Марко Ивица Блажевиќ

 

Најплодно тло за омразата е пепелот од љубовта.

Драго Босниќ

 

Ловецот кој го храни дивечот има што да лови.

Иван Брадвица

 

Сега жена ми е здрава. Сите ја прележаа.

Јозо Чизмиќ

 

Ние имаме право, а тие го користат.

Маринко Ќавар

 

Некои луѓе се како овци: секогаш одат по ѕвончето.

Иван Дујмовиќ

 

Оние кои умираат од смеат, најдолго живеат.

Јоспи Гргиќ

 

Криминалот цвета кога правдата венее.

Силвестер Иштук

 

Најгласните шатки ловците први ги застрелуваат.

Мате Ивандиќ

 

Избирачите се ковачи на туѓа среќа.

Данко Ившиновиќ

 

Во училиштата гумичките се побарани од острилките.

Дражен Јерговиќ

 

Исклучоците потврдуваат дека правила не постојат.

Роберт Мариќ

 

А кај нас младите повеќе не бараат работа кај нас.

Живко Продановиќ

 

Често ни недостасува она што го нема.

Томислав Шупек

 

Ништо не читам, а и тоа тешко го постигнувам.

Златко Томиќ

 

Мозок на пасење е како бубрег во лој.

Франо Вукоја

 

Топовското месо има се поголема килажа.

Младен Вуковиќ

AdBlocker Message

Our website is made possible by displaying online advertisements to our visitors. Please consider supporting us by disabling your ad blocker.