МИСЛОВНИ ВОДОПАДИ
ЗБИРКА НА ХРВАТСКИ И МАКЕДОНСКИ АФОРИЗМИ
Издавач: Здружение на хрватски афористичари и хумористи (2022)
Уредништво: Златко Томиќ (главен уредник), Васил Толевски, Дражен Јерговиќ, Мирослав Вукманиќ, Младен Вуковиќ, Лука Безиќ
Иво Мијо Андриќ: На височина на задачата се само оние кои никогаш не извисија.
Марјан Анѓеловски: Џихадистите се мирни луѓе, ама понекогаш знаат да експлодираат!
Јосип Балашко: Инекција од странскиот капитал ќе заболи и на кожата на нашите внуци.
Ѓуро Бел: Колку и да ги подмачкуваме државните апарати, постојано шкрипат.
Љупка Цветанова: Лесно ќе го дофатиш врвот – свиткај се.
Марко Ивица Блажевиќ: Не може да се собере, а се смета на него.
Драго Босниќ: Лажниот сјај боде очи.
Иван Брадвица: Кој бега од себе, остава празнина каде и да стигнал.
Јозо Чизмиќ: Сите се вооружуваат. Сигурно ќе преговараат.
Витомир Долински: Македонците, во просек, почесто ја менуваат државата отколку власта.
Јандре Дрмиќ: Мојата цел е да не дојдам на стартот.
Наѓан Думаниќ: Единствено извесно е дека е животот неизвесен.
Ацо Ѓорѓиев: Не треба сите луѓе да се ставаат во ист кош. Некои се за канта.
Златко Гарвановиќ: Во индустријата ни остана уште само една парна машина.