К.О. од О.К.
Ондреј Каламар
Издавач: CompuTech doo, Србија (2022)
Превод од словачки: Александар Чотриќ
Јасновитката ми кажа дека ме чека светла иднина. Меѓутоа, заборави да додаде дека тоа се вика крематориум.
Зошто брзате? На крајот човек секаде стигнува.
И против осаменоста поуспешно се бориме кога сме двајца.
Без будалите, светот би бил ненормално луд.
Најсериозни се прават оние кои никој не ги сфаќа сериозно.
Важно е да се знае кога да се престане, ама што е уште поважно, кога да не се престане!
Никогаш не ни било толку лошо, да не нѐ оданочат.
Кога глупоста би цветала, алергичните не би престанале да киваат.
Не праќајте сѐ во задницата, затоа што когаш-тогаш ќе морате да се видите со нив.
Овој ден е премногу светол за црни мисли.
Не плашете се да бидете сами! Всушност, на никој друг не му е грижа.
Единствена гаранција на спокојството се ниските очекувања.
Едни имаат криза во врската, а други криза без врска.
Надвор е кучешко време, а јас немам ниту куче.
Може да се живее без хумор, ама не е смешно.
Купувам море со поглед на куќата!
Колку потупава глава, толку пооштар јазик.
Некои луѓе се плашат да бидат сами, што не се сами дури ни со себе.