Мојот кум обожава руска класична книжевност, па решив да го израдувам за роденден.
– Дајте ми Мртви души! – и велам на продавачката во книжарата.
– Не се тука! – одговори.
– Како не се тука?! – се збунив.
– На гласање се. Денес се избори.
Ми се причини дека продавачката се шегува со мене, па продолжив:
– Знаете ли, барем, каде можам да ги најдам?!
– Само во избирачкиот список, господине!
– Ништо, тогаш ќе го земам Идиот…
– И тој е одсутен.
– Гласа?!
– Не, тој е на изборната листа! За него се гласа!
– Не можам да верувам, Идиот на изборна листа!- се изненадив.
– Не е само тој! Тука се уште Чичиков , Раскољников, и многу други јунаци од изборната класика.
– Извинете, дали се тие чланови на некоја вампирска партија?!
– Да ли е партијата вампирска не знам, а дека е семожна тоа го знам сигурно!
– Се надевам дека се Зли души во книжарата! – ми се јави трошка надеж.
– А не, на терен се…
– Не разбирам?!
– Знаете, господине, тие ги носат на гласање изнемоштените и болни, односно полумртви избирачи, и контролираат за кого гласаат.
За Ревизора не ни прашав, претпоставувам дека е контролор во некоја изборна единица…