Српски театар

Премиерата на претставата на штиците кои живот значат почнува така што веднаш после подигнување на завесата, на сцената се гледа човек кој седи на тоалетна шолја и стенкајќи врши голема нужда. Тоа е доказ дека нашиот човек и Србин прави срања без обзир дали седи на енглеска шолја или на обично серало. Веднаш покрај него е жена во средни години, кој повраќа во леген што е доказ дека и кај нас процесот на реституција не е потполно замрен. Малку понастрана девојка кашла и исфрла микробиолошки излачевини во правец на публиката. На кујнската маса седи момче во униформата на Војската на Република Српска и ја глода сопствената рака, а од време на време зема чачкалица и исчачкува по некој прстен или бурма. Две деца си играат со човечки череп на кој има сеуште по некој прамен коса. Од позадината се слуша звук на гусли.

На сцената влегува момче, тресејќи се, вади нож и бара некој да му даде барем пет грама дрога. – Инаку сите ќе ве испотепам! – се дере како да е во финансиска криза, а не во криза која ги познава само болестите н зависноста. На тоа оној што седеше на шолјата пушта вода. Средновечната жена го засилува повраќањето, а да успее во тоа пика два прста во устата и гргори, а потоа се слуша ново повраќање. Момчето од ВРС ги глода прстите од својата рака и вели: – Знам дека е непристојно да се јаде со прсти, ама тоа не значи дека е непристојно да се јадат сопствените прсти. Едно од двете деца го зема черепот, шутирајќи и заколнувајќи се дека и тој еден ден ќе игра во Манчестер Јунајтед. Норкоманот ги завлекува рацете во џебовите и конечно ја наоѓа дозата, грозно подготвувјќи го шприцот и сето тоа го внесува во себе велејќи: -Имавте среќа, оти да не се средев, ќе убиев некого. Во блаженство ја приближува главата во легенот во кој повраќа жената.

Завеса.

Веќе утредента во сите белградски весници излегуваат критики во кои провејува неподелено мислење дека преставата никого од присатните не го остави равнодушен.

AdBlocker Message

Our website is made possible by displaying online advertisements to our visitors. Please consider supporting us by disabling your ad blocker.