Колумни: Татјана Алексиќ – Б03

Планетарни глупости & лабораториски експерименти

Универзумот како да е во глобален натпревар во фрлање глупости во височина. Од сите страни на светот човекот се натпреварува во глупости, колку поголеми – толку подалеку се слушаат. Секоја вест мора да биде лансирана со сензации и скандали, поткрепена со претпоставки кои со брзина на светлина се шират низ електронскиот етер и нешто поспоро и низ земниот етер, оној стар испробан начин за пренесување вести од уста до уво… Земјата го привлекува електрицитетот и сите наелектризирани муабети тежнеат кон неа. Некогаш ти оди да пропаднеш во земја поради лагата која си ја перципирал како вистина. Но сè почесто на планетава луѓе кои живеат и профитираат со ширење лажни вести. Го живее ли светот врвот на дното или тоа е само уште една песимистичка перцепцијата на очајните? Пропаста на царствата обично се случувала во нивната врвна фаза на неприкосновен апсолутизам, кога власта раскошно го живеела својот личен хедонизам, фрлајќи му на народот мрвки и по некое колаче. Чувството на комфор од материјалниот бенефит е вечно гладно и незаситно чувство рамно на разврат – колку повеќе имаш, толку повеќе посакуваш да имаш и сè ти изгледа малку во споредба со претходното. Материјалното бара материјално одржување. Светот го почна својот глобален експеримент, да најде начин како до „златната милијарда“ па нека се и „теории на заговор“, добро им оди. За посликовита илустрација, класичен пример од светот на животните ни даде Џорџ Орвел, анимирајќи ги свињите во утопискиот роман „Животинска фарма“. Но, преку експериментот „Универзум 25“ научниците ќе се обидат да го објаснат човечкото општество со однесувањето на колонија глувци. Текстот во продолжение е преземан од Илија Вучков. Американскиот научник Џон Калхун креира „идеален глувчешки свет“ каде живеат и растат стотици глувци во благосостојба. Во таков специјално дизајниран простор глодарите имале многу храна, вода и голем простор за живеење.

Првично, тој поставил четири пара глувци кои почнале да се репродуцираат за кратко време, поради што нивната популација рапидно растела. Сепак, по 315 дена, нивната репродукција започна значително да опаѓа. Кога бројот на глодари достигнал 600, била формирана хиерархија меѓу нив и тогаш се појавиле таканаречените „беда“. Поголемите глодари почнале да ја напаѓаат групата, што резултирало со тоа дека многу глодари мажи почнале со психолошки „колапс“.

Како резултат на тоа, женките не биле заштитени и тие за возврат станале агресивни кон своите деца. Како што одминувало времето, жените покажале сè поагресивно однесување, изолациони елементи и недостаток на репродуктивно расположение.

Забележано е ниско ниво на раѓање и истовремено зголемување на смртност кај помлади глодари. Потоа се појавила нова класа на машки глодари, т.н. „убави глувци“.

Тие одбивале да се дружат со жени глодари или „да се борат“ за нивниот простор. Тие се грижеле само за храна и спиење. Во еден момент, „убавите машки“ и „изолираните жени“ го сочинуваа мнозинството од населението. Како што одминувало времето, смртноста на малолетници достигна 100%, а репродукцијата достигнала нула. Хомосексуалноста е забележана меѓу загрозените глувци, а во исто време се зголеми канибализам, и покрај фактот дека имало многу храна. Две години по почетокот на експериментот, се родило последното дете глодар од колонијата.

До 1973 година, експериментот го убил последниот глушец во вселената. Калхун го повторил истиот експеримент уште 25 пати, и секој пат резултатот бил ист.

Научната работа на Калхун се користела како модел за толкување на социјалниот колапс, а неговото истражување служи и ден денеска како фокусна точка за проучување на „урбаната социологија“. Секоја сличност или асоцијација со човечкиот свет е наша лична, индивидуална перцепција, исто колку и погледот во огледало – некој гледа глушец, а некој лав. Има лавови кои се плашат од глувци, но и глувци хедонисти. Уште еден глувчешки експеримент укажал дека нагонот за задоволство е посилен од нагонот за живот. Кога го поврзале глушецот со направа за стимулирање оргазам и глушецот сфатил кај е копчето, не престанал да го притиска сè додека не умрел, секако од задоволство. И секако, ова се само експерименти, во светот на глувците, но и во глобалниот свет во кој луѓето живеат и стравуваат да не бидат фатени во некоја стапица, на врвот од дното. Светот се подели на врв и дно, а единствен, сигурен заеднички именител и на оние кои живеат на дното и на оние кои уживаат во врвни задоволства, повторно е дното под дното …

(Авторот е професор во СУГС Раде Јовчевски – Корчагин )

AdBlocker Message

Our website is made possible by displaying online advertisements to our visitors. Please consider supporting us by disabling your ad blocker.