АфоризмиАбдурахман Халиловиќ АхилБалканиум 02 Афоризми: Абдурахман Халиловиќ Ахил – Б02 За неа се загреав дури откако ми снема дрва. Девојката ќе го заборави и своето презиме кога ќе се сети на неговото. Тие лажно се сакаа, а сега вистински се мразат. 1 октомври 2022
АфоризмиГоран РадосављевиќБалканиум 02 Афоризми: Горан Радосављевиќ – Б02 Сака атомската централа да погреши еднаш, а не сто пати! Помрачувањето на Србија долго трае. Од тука толкав број слепци. Србите не сакаат пијаници кои ги опива успехот. 1 октомври 2022
АфоризмиЈандре ДрмиќБалканиум 02 Афоризми: Јандре Дрмиќ – Б02 Знам дека чувствувам, а чувствувам дека не знам. Каква земја? Бранителите ги креваат во воздух спомениците на ослободителите. Еротска фантазија на политичарите: да го слуша народот како стенка. 1 октомври 2022
АфоризмиМиленко Миро ШарацБалканиум 02 Афоризми: Миленко Миро Шарац – Б02 Бидете лојални на својата банка. Толку сте и должни. Ако економската криза продолжи и неработниците ќе останат без работа. Се кандидирам за чувар на тајни. Со мене ништо не се знае. 1 октомври 2022