Песни: Софе Штерјовски – Б03

ПИСМО ОД БЕТОВЕН

 

Другар Бетовен, ако немаш против

дозволи еден верник да ти се јави,

да ти каже дека во подруги ноти

современиот свет плива и се дави!

 

Си тече времето, се менува музиката.

Вашиот застарен свет одамна мина.

Сега свирачите се меѓу публиката,

и трубата изигрува прва виолина!

 

Музиката излезе од ветвата кожа.

Ова време, извини, не е како твоето:

Како скакулци диригенти се множат,

да ти е мерак – да го отпееш своето!

 

Почнаа и коњски плочи да снимаат;

внесуваат новини, креваат прашина;

место инструменти, публика штимаат,

по концерти за ѕвонци и бор машина!

 

Не знае човек што прво да слуша:

поп групи, хор, филхармонија…

Оние што немаат слух, даваат душа

за замерен состав и дисхармонија!

 

И ненародната музика е сериозна.

Многу фалш рефрени, другарче, чув;

не ти завидувам што си гениј познат,

само жалам што не сум и јас – глув!

 

(Остен, 1979)

AdBlocker Message

Our website is made possible by displaying online advertisements to our visitors. Please consider supporting us by disabling your ad blocker.