Епиграми: Ристо Филчевски – Б03

БЕБИЊА.

Не се раѓаат бебиња,

ангелчиња мали,

ама бројот на гласачи

никако да се намали.

 

ГРЕЕЊЕ.

Дрва, пелети или јаглен да земам,

сам се чудам и думам.

А за ништо пари немам.

 

МЕРКИ.

Владата објави нови кризни мерки.

Не советува умно.

Зимата да спиеме со тренерки.

AdBlocker Message

Our website is made possible by displaying online advertisements to our visitors. Please consider supporting us by disabling your ad blocker.