Епиграми: Димитар И. Вилазорски – Б04

КРИЗА

Да ви кажам, совеста да не ме гризе,
ова е нешто оргинално, без реприза:
очекувавме европска виза, а добивме светска криза.

 

ЖЕШКО

Јас и парите сме две различни нешта…
штом помислам на нив, ми станува жешко.
До мене се доаѓа лесно,
а до нив многу, многу тешко.

 

ОКОКОРЕНИ

Мене кога ќе ме видат
луѓето нешто како да ги кочи.
Видат ли пари – ококоруваат очи.

 

ШТЕДЕЊЕ

Јас и парите сме две различни нешта,
тоа го знаат и мачките што предат.
Јас давам секогаш сé од себе,
а парите… парите се штедат.

 

ТЕСНО

Мене место не ме собира,
секогаш сум во тесно,
а парите нови хоризонти
отвараат многу… многу лесно.

 

ВРТЕЊЕ

Јас и парите сме
две различни нешта.
Јас се вртам во кругови на сметот,
а парите… Парите го вртат светот.

AdBlocker Message

Our website is made possible by displaying online advertisements to our visitors. Please consider supporting us by disabling your ad blocker.