Епиграми: Димитар И. Вилазорски – Б03

МЕД И МЛЕКО

Ќе најдеме решение за млечната криза

– тоа е нашата девиза.

И пак ќе биде сé во ред,

повторно кај нас ќе тече млеко и мед.

 

ОД ПИЛЕ МЛЕКО

Млечната криза

нема да ја почувствува секој,

посебно не оној

кој што има од пиле млеко.

 

ШТЕДЕТЕ СТРУЈА

Штедете струја, не вклучувајте вибратор,

ви порачува вашиот администратор.

Знам дека ќе ви биде мачно,

но самозадоволувајте се рачно.

 

ПАТРИОТИ

Македонскиот народ може

да се обедини, да се сплоти…

ако престане да се дели

на предавници и патриоти.

 

НАШИ И „ПОНАШИ“

Не потсетуваат со изреки фосилни

дека заедно сме посилни

и дека нема наши и ваши,

туку наши и „понаши.“

 

ИЗНЕВЕРИОНИЗЕРИ

Овие денешниве, исто како

и поранешните, од визионери,

наместо ревизионери,

станаа провизионери.

AdBlocker Message

Our website is made possible by displaying online advertisements to our visitors. Please consider supporting us by disabling your ad blocker.