Кавадарчани не одат на опера. Не им давале на пеачите да лепат пари.
Немаше среќа. Го стигнаа славата и парите. Во сѐ гледаат пари. Слепци!
На мој предлог стана политичар. Ми се налути, го расипале.
Ја сака Македонија. Такво му е пијанството!
Го критикуваа тоталитаризмот по кафеани. Настрадаа јагнињата.
Секој си ја врти водата на својата хидроцентрала.
Сакаше да слушне убав збор за себе. Го советував “да умре” три дена.
Не се сите умни на кои им дошол умот. Зависи од каде им дојде.
Немаме гајле од тие што бараат правда. Само пари да не ни бараат.