Човекот настана од мајмун со лажно претставување.
На жената ѝ е страв од змија, а логично би било да е обратно.
Држава, тоа јас сум ја – продал.
Да дојде пропаста на светот, па потоа меѓусебно да се пресметаме.
Мијте ги рацете пред јадење. Се ракувавте…