Ќе истраеме до крајот, затоа што крајот е близу.
Оние што побегнаа од село в’град, повеќе не се селани. Сега се – сељаци.
Во животот сѐ е минливо. Освен бедата.
Кога ќе умрам веќе нема да бидам на старата адреса.
Ќе истраеме до крајот, затоа што крајот е близу.
Оние што побегнаа од село в’град, повеќе не се селани. Сега се – сељаци.
Во животот сѐ е минливо. Освен бедата.
Кога ќе умрам веќе нема да бидам на старата адреса.
Се додека нашиот народ се задоволува да живее во рамки, со нив ќе владее власт без граници. Картите за клиничката рута се неповратни. Држете ги очите отворени, ако сте меѓу оние што сте го раниле бикот...
Мисли за замислување Нашите политичари никако да сфатат дека земјата не се ора со оратори, туку со орачи! Кога ни кажаа дека сите инструменти на власта се во наши раце, знаевме дека ќе си ја отпееме...
Сѐ е јасно. Матни се. Ја кренаа цената на маслото. Маста ни ја вадат. Со секој примерок на купен весник, читателите добиваат вреден подарок – парче леб. Денес за ручек немавме ништо. Тоа е...
Сатирични дамари Ако се суди по стандардот на патриотите, вреди секој ден да се умира за татковината. Има разлика: бугарската комисија одлучува, а нашата само аминува! Знам зошто историската...
Инспирација за пишување афоризми доаѓа без најава. Како секс во подоцнежни години. Пишувам афоризми со неизедначен квалитет. Не се знае кој од кој е подобар. Пишувам дневно актуелни афоризми. Актуелни се...
Од индустриските комплекси излеговме засекогаш искомплексирани. Правдата е достижна, ама што ќе правиш со неа кога ќе ја стигнеш?! Кога прв пат подигнав кредит го запознав Сизиф. Мене никој не ми...