Афоризми: Васил Толевски – Б04

АКО СТЕ ЧЛЕН ВО ПАРТИЈА ВО КОЈА СИТЕ МИСЛАТ ИСТО, ПРОВЕРЕТЕ:  ДА НЕ СТЕ ВО НЕКОЈА СЕКТА?!

 

Мафијашите преку ноќ влегоа во власта. Преку ден не можат да го најдат патот.

 

Сé додека народот молчи како риба некои ќе јадат кавијар!

 

Нашата политика не доведе до тука! За понатаму, ќе ни требаат крила.

 

За добар секс потребни се двајца. Добар народ и лоша влада.

 

Оние што летаат, заборавија на земјата!

 

Мораме да направиме реформа на азбуката. За народ кој не смее ниту да писне, имаме премногу букви!

 

Имаме повеќе крадци отколку научници! Тоа е доказ дека нашите крадци учат побрзо од научниците.

 

Имаме слобода и на мисла и на говор. Само не можеме да го зборуваме она што го мислиме!

 

На народ кој е на колена, не му требаат чевли.

 

Иако на оној свет се оди со затворени очи, досега никој го нема промашено патот!

 

Ако сакате истрел во празно,пукајте во главата.

 

Нормално е политичарите да имаат поголеми плати од поповите. Повеќе луѓе закопуваат.

 

Кога на наш човек ќе му се пожалите дека не ви е добро, веднаш му олеснува!

 

Многумина се уверија дека оделото не го прави човекот. Особено оние кои носат работничко одело.

 

Затворениците во затворите одбиваат да гледаат телевизија. Сакаат да се чувствуваат како слободни луѓе.

 

Онаму каде што власта го јава народот, коњите уживаат во слободата!

 

Последниот македонски човекојадец умре од глад! Не можеше да најде човек.

 

Нашиот народ сака да има и нормална и паметна влада. Народот би требало да знае дека противуставно е да се има – две влади!

 

Нашите гробишта работат како фабрики, затоа што фабриките станаа гробишта!

 

Оној што е попаметен од првиот, брзо ќе биде последен.

AdBlocker Message

Our website is made possible by displaying online advertisements to our visitors. Please consider supporting us by disabling your ad blocker.