СИТЕ ИГРИ ИМААТ ПОЧЕТОК И КРАЈ, САМО ПОЛИТИЧКИТЕ НЀ ВРТАТ ВО КРУГ.
Ќе стигневме на целта, ама не нѐ пуштија на стартот.
Одамна ги удрија темелите на демократијата, сега удираат по нас.
Многу се валкани европските игри, треба уште да переме пари.
Вака заслепени сите не водат во светла иднина.
Политичарите одамна ги знаеме, сами не се препознаваме.
Слепи сме и кога мислиме дека гледаме сѐ.