ЈА ИЗЕДОА ДРЖАВАТА, АМА НИКАКО ДА ГО СВАРАТ НАРОДОТ.
Го славиме денот на храната. Се јадеме меѓу себе.
Се греам на крадени дрва. Ќутуците од Собранието не ме греат.
На политичарите не им течат солзи. Кромид сече и јаде само народот.
Кога политичар игра шах ги жртвува пионите. Има искуство со жртвувањето на народот.
Македонците се само за нудистичка плажа. Веќе немаат гаќи на газот.
Ја испасевме тревата. Поминавме на слама.