Ние не само што го одвојуваме зрното од каколот, туку и каколот го негуваме.
Кој не може сѐ да свари, никогаш не се омрсува.
Иако ова никаде не води, веќе сме таму.
Она што помина, единствено кај нас уште постои.
И кога клечиме, ние сме на висока нога.
Само вие потпрете се на мене. Навистина дека не го знам патот, ама ги знам сите кривини.