Афоризми: Нинус Несторовиќ – Б04

И во опозиција има од оние
кои учат улични школи, ама што им вреди тоа
кога избраа погрешен смер?!

 

Нас не треба да нѐ плашат со големи вистини.
Ние и од мали се плашиме.

 

Дури кога власта нѝ се качи на врвот од к.рот,
сфативме дека сме импотентни…

 

Кога имаш свое ја, друго ја воопшто не ти треба.

 

Комшиите секогаш имаат причина меѓусебно
да се убиваат. Во мир заради меѓите на нивите,
а во војна за меѓите меѓу државите.

AdBlocker Message

Our website is made possible by displaying online advertisements to our visitors. Please consider supporting us by disabling your ad blocker.