Повеќе има прогонети отколку прогонители. На наша среќа.
Секој сака да живее од својот труд. И џелатот.
Херојските дела се ретки. Кукавичките се позачестени.
Повеќе има прогонети отколку прогонители. На наша среќа.
Секој сака да живее од својот труд. И џелатот.
Херојските дела се ретки. Кукавичките се позачестени.
Се додека нашиот народ се задоволува да живее во рамки, со нив ќе владее власт без граници. Картите за клиничката рута се неповратни. Држете ги очите отворени, ако сте меѓу оние што сте го раниле бикот...
Мисли за замислување Нашите политичари никако да сфатат дека земјата не се ора со оратори, туку со орачи! Кога ни кажаа дека сите инструменти на власта се во наши раце, знаевме дека ќе си ја отпееме...
Сѐ е јасно. Матни се. Ја кренаа цената на маслото. Маста ни ја вадат. Со секој примерок на купен весник, читателите добиваат вреден подарок – парче леб. Денес за ручек немавме ништо. Тоа е...
Сатирични дамари Ако се суди по стандардот на патриотите, вреди секој ден да се умира за татковината. Има разлика: бугарската комисија одлучува, а нашата само аминува! Знам зошто историската...
Инспирација за пишување афоризми доаѓа без најава. Како секс во подоцнежни години. Пишувам афоризми со неизедначен квалитет. Не се знае кој од кој е подобар. Пишувам дневно актуелни афоризми. Актуелни се...
Кога ќе ставам качулка и маска, луѓето ме препознаваат по капутот. Кога виде дека колеме вол поради кило месо, кравата на комшијата наеднаш липса. Ќе најдеме излез од ќорсокакот: ако не одлетаме во воздух...