Така лесно и брзо ни ја запечатуваат судбината. На останатите печати со денови чекаме ред.
За нашите крадци не постојат граници. Секаде се чуствуваат како на свој терен.
Најлесно од сè се оградуваат оние кои во главата немаат две штици.
Шупливите џебови се од ситни пари. Шупливите души – од крупни.