Афоризми: Миле Ѓорѓијоски – Б03

Сатирични дамари

 

Се издигнаа над народот. Сега серат по него.

 

Премачканите со сите бои, најмногу фарбаат!

 

Ризично е да се апсат криминалците! Ќе треба да распишеме предвремени избори!

 

Никој што купува пратеници не е обвинет за трговија со луѓе. Значи, пратениците не се луѓе.

 

Револуцијата што оди од контејнер до контејнер, не ги јаде своите деца!

 

Благодарение на иследникот, обвинетиот не ги однесе сите тајни в’гроб!

 

Откако го јавнаа народот – добија крилја.

 

Ритуалот за истерување на чумата не успеа, водачот го повтори мандатот.

 

Некогаш политичарите работеа за двајца, денес и за своите внуци.

 

Еден ден на Балканот пак ќе живеат стари Словени! Белата чума си го прави своето.

 

Луѓето што не гледаат телевизија многу пропуштаат. Не знаат колку убаво живеат.

 

Врв на дволичноста: велат да штедиме струја, а не бараат да ги исклучиме телевизорите кога држат прес конференции.

 

ПОВЕЌЕ НЕМА ЧОВЕКОЈАДЦИ. СИТЕ ПОМИНАА НА ЗДРАВА ХРАНА.

AdBlocker Message

Our website is made possible by displaying online advertisements to our visitors. Please consider supporting us by disabling your ad blocker.