ВО ЗЕМЈАТА НА ЗБУНЕТИТЕ ВЕЧНИ ВЛАДЕТЕЛИ СЕ ЛУДИТЕ!
Идеалот на македонската демократија е да го воздигне нивото на публиката до идиотизмот на медиумот.
Ова нашиве леви и на Оној свет ќе се кандидираат за Божји пратеници.
Ем сите сме гости на овој свет, ем никој не сака да си оди дома?!
Македонците му се враќаат на селото, а и погребите таму се многу поевтини.
Кутриот наш Остап Бендер, живеел ден за ден, одвај врзувал тендер со тендер.
Не ќе ви напакостат толку ниту лудите, ниту писмените, колку што можат полулудите и полуписмените.
Филателистот со години собираше пари да ја има и неа во својата колекција на жени.
Не трошете ги вашите зборови за разни политички силеџии, нема да ви останат за пофалба на умерените.
Исплачете го човекот додека е жив, кога ќе умре, од субјективни причини, не ќе може да ве слушне.