Афоризми: Љупчо Сиљановски – Б03

АКО СЛАБОСТИТЕ ГИ СОСЕЧЕМЕ ВО КОРЕН, ОД КАДЕ ЌЕ СЕ ХРАНАТ ВРВОВИТЕ?

 

Глупавите најтешко се препознаваат, особено ако се кријат во нас.

 

Во комедиите на лудаците само нормалните се трагичари.

 

Политичките калаузи вработуваат по етнички клуч.

 

И партијата, која се егзалтира од Истокот, заоѓа на Запад.

 

Каква политика, цела КАНТАСТРОФА!

 

Кусогледоста им стана хронична, не гледаат каде сѐ го пикаат носот.

 

Тоа што уздите се испуштени, значи дека сите коњи не ни се на број.

AdBlocker Message

Our website is made possible by displaying online advertisements to our visitors. Please consider supporting us by disabling your ad blocker.