ОДЛИЧЕН ПЕТКА
Ќоравите кутии застареа. Во мода се заслепени избирачи.
Олкави успеси на власта не можат да се соберат во обична избирачка глава. Потребна е празна.
Не е сѐ на продажба. Луѓето се само за поткупување.
Дупките во памнењето ги користиме за проветрување на празноглавјето.
Лошо е да се биде сатиричар кога Србија ти е мајка, а Домановиќ татко.