Станав магионичар, само што ја допрам пензијата, за секунда исчезнува.
Пак се потврдува дека човекот и кучето се најдобри пријатели. Двајцата гладуваат.
Стојам одлично. Затоа сите ме престигнаа.
Само што ќе се роди нова влада, пред да прогледне, почнува да цица.
Нашата светла иднина е живот без струја.
При толку многу убедувања дека сѐ е розово, пак гледаме сиво.
Дозволивме сѐ да ни прават: Или малку нѐ има или многу нѐ нема.
Немаме образ, затоа нѐ влечат за нос.
Шуплива политика ни ги наполни главите.