НА БОЛНИТЕ ЗА ВЛАСТ НЕ ИМ ПОМАГА ЛЕК ОД АПТЕКА.
Ќе дојдам до дополнителен приход, семејството сака да ме вработи како стражар на струјомерот.
Да се освестиме. Нѐ прават несвесни.
Невкусен е рецептот кој го готват за нас, а без нас.
Го продавам мојот праг на толеранција, не можам веќе да го прескокнувам.
Дајте избори! Почнуваат зимници, а немаме запалки.
Мрднавме од мртвата точка, сега сме во мртовечки автомобил.
Бездушните најгласно го фалат својот духовен водач.
Сѐ почесто и градовите наликуваат на села без кучиња.