Афоризми: Јандре Дрмиќ – Б03

Во нормални земји се плаќа порез. Кај нас, плаќаме пораз.

 

Може да се штеди на секој чекор само така да не одиме никаде.

 

На работа сум незаменлив. Никој не го сака моето место.

 

Нема улицата да ни води политика. Тоа е за уличари.

AdBlocker Message

Our website is made possible by displaying online advertisements to our visitors. Please consider supporting us by disabling your ad blocker.