АФОГРИЗНИЦА
Создадовме светски поредок, во кој човекот е сѐ поредок и – поредок!
Од вакви премиери не сакаме – репризи!
Народе, избирај политичари кои никогаш нема да избираат свој народ!
Сто отсто е сигурно дека кај нас веќе ништо не е сигурно!
Откажете се од вашата љубов кон татковината. Зар не гледате колку е – перверзна.
Некогаш бевме – бисер балкански. Сега Македонија прилега на евтина – бижутерија!
Најлош јазик од сите јазици на светот е националистичкиот јазик!
Знаеме дека е крајно време да си го ставиме прстот на – умот. Само не знаеме кај ни е – главата.
Не може законот да го штити човекот, ако човекот не го штити законот!
(Афогризница; Издавач: Зига зага букс; 2019.)