Ако е еднопартискиот систем едно големо зло, колку е тогаш повеќепартиското?
Ако и се верува на вагата, јас сум доволен за критична маса.
Амбасадорите мора да бидат поделени личности оти треба да ги претставуваат и својата и нашата земја.
Блазе на синхронизаторите на цртаните ликови! Тие го даваат гласот на омилените ликови.