НАШИТЕ КРИМИНАЛЦИ НЕ БЕГААТ ОД ЗАКОНОТ. ЗНААТ ДЕКА ТОЈ НЕ ИМ МОЖЕ НИШТО.
Србија е мала. Еден човек може да ја уништи.
Го фатија во лага илјада пати. Тие навистина претеруваат.
Ние без него не можеме да живееме, а можевме.
На териториите во природа им е да бидат спорни.
Пустина која има оази е незавршена.
Ние не талкаме затоа што нашите цели се околу нас.
Жртвата е виновна за крвопролевањето. Таа крвари!
Рушевините се доказ дека тука сепак нешто се работи.
Кратка историја на човештвото: Од пештера до атомско скривалиште.
Да не е таа, никогаш јас и таа немаше да се караме.
Дивиот Запад е сѐ подлабоко и подлабоко во мировна мисија.