Афоризам: Иван Карадак – Б04

Мисли за замислување

 

Нашите политичари никако да сфатат дека земјата не се ора со оратори, туку со орачи!

 

Кога ни кажаа дека сите инструменти на власта се во наши раце,
знаевме дека ќе си ја отпееме песната!

 

Со добар маркетинг од секоја рѓа може да се направи  злато од човек!

 

Нема шанса да стигнеме некаде со оние што се за никаде!

 

Прво не биеше лош глас, а потоа почна да не
кој стаса!

 

Не изнесувајте ги валканите алишта
пред народот. Ќе престане да ве мириса!

 

Толку го збунивме непријателот,
што почна да се претставува како Македонец!

Ни ветија дека ќе ја исправат неправдата, а ја искривија и правдата!

Без конкуренција најзагадени извори во Македонија се пишаните извори!

AdBlocker Message

Our website is made possible by displaying online advertisements to our visitors. Please consider supporting us by disabling your ad blocker.