НАША СПЕЦИЈАЛНОСТ: ДОБРО ПОТКОВАНИТЕ ГИ ПРАВИМЕ МАГАРИЊА.
Кон секого се однесувам како кон човек, со должно разбирање дека настанал од мајмун!
Нашата култура е посебна. Немаме општа.
Парите треба да се трошат разумно. Затоа жените пронашле алтернативни решенија.
Ако смеата е лек, ќе предизвикам епидемија. Можеби ќе го спасам светот?
Наша специјалност: Добро поткованите да ги правиме магариња.
Видов колку е часот и одлетав во друга часовна зона.
Некогаш не верував во тоа што не го гледам, а денес во тоа што го гледам.
Ако жената е учебник за мажите, сакам да учам од различни учебници.