НА ЕВРОПСКИОТ ПАТ НЕМА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА БРЗИНАТА. ЗАТОА ЛАЗИМЕ!
Сакам да станам член на мафијата, ама мафијата држи до себе. Не примаат луѓе кои не се на функција.
Луј Пастер мора да бил Македонец!? Само меѓу толку збеснати некому би му текнало за вакцина.
Ни ветија нов живот, ама кога ќе ни заврши овој!
Државните функции се делат според квалитетот. Затоа најмалите крадци добиваат најмали функции!
Секој трет граѓанин краде; секој втор лаже; а Првиот и лаже и краде!
Само тендерашите околу министерот знаат дали министерот јаде луто! Tие му го лижат газот.
Порано со леб и сол ги дочекувавме гостите. Сега – утрешниот ден.
Благодарение на саксијата и јас знам дека имам Моја земја!
Нашата трагедија има најмногу гледачи! Затоа е трагедија.
Благодарение на расипаниот државен апарат, зголемено е производството на пасоши.
Оној кој го моли Бога сигурно има мака од Ѓаволот!
Потрагично е кога ќе падне лист отколку власта. Паднатиот лист умира, а паднатата власт носи нов живот.
Слепиот водач има најширок радиус на политичко движење. За него и лево е десно, и десно е лево!
Оние што ги држи во раце, со мерак би го носеле на раце.
Во земја како мојата претседател се избира за да има кој да зборува во име на оние што молчат!
Мрднатите на функција најлесно живеат со оние што се мрднати со умот.
Вратата од канцелариите на министерот ќе бидат бојадисани во разни бои! Да може телето да гледа во шарена врата.
Кога на државни функции се ставаат свињи од луѓе, народот ќе јаде помии!
Најхумано е да избереме слепи пратеници. Да не нѐ гледаат како се мачиме!
Можеби има чесни функционери! Ама, кој ќе бара игла во пласт сено?!
Не оскубаа како кокошки затоа што немаме – јајца!
Во мини држава се родија макси криминалци. Значи: Не е важна големината, туку квалитетот.
Знам дека новите избори ќе бидат – лудница. Да молиме Бога барем избраните да не бидат такви.
Владата распиша тендер за два милионa сламки! Да може секој давеник да се фати за нешто!
Народот знае дека попаметните попуштаат. Ама не знае кои се овие што победуваат!?