ПОВЕЌЕ НЕ Е МОНЕТА ЗА ПОТКУСУРУВАЊЕ. ГО ДОКУСУРИЈА.
Не е тиранин секој што те јава.
Кога пресметав колку сум дал, се одземав.
Подоброто утре е на повидок. Фатаморганата е честа појава во пустина.
На гладните очи секоја чинија им е мала.
Демократијата донесе многу слободи, па и слободен пад на стандардот.
Има овци кои не се добројуваат. Поради таквите нема спиење.
Пред да клекнеш, треба да одлучиш дали ќе се молиш или ќе вршиш нужда.
Малку е еден Свети Ѓорѓија на толку многу ламји.
Го туркам животот, како Сизиф – каменот.
Полуде од среќа кога ја доби првата плата. Само луд може да биде среќен со толку пари.