Афоризми: Драганчо Тасевски Изворски – Б03

Држава во која кловновите се главни актери, најлесно станува циркус…

 

Нашиот пат е трнлив, нагазивме на политичари…

 

Ако не одите во чекор со времето – ќе бидете прегазени…

 

Увезуваме и памет – затоа сме во ментална криза…

 

Како да го сосечеме злото од корен, кога истото почнува од врвот…

 

Менталниот склад на политичарите е: мозокот на провев, а задникот во фотеља.

AdBlocker Message

Our website is made possible by displaying online advertisements to our visitors. Please consider supporting us by disabling your ad blocker.