Во Македонија сé е весело и разиграно. Кај да е и стапот ќе заигра.
Се молат политичарите да не тресат зелени. Да почекаат да созреат.
Спијте мирно цела ноќ. Темницата ќе ве изеде рано в’зори.
Да не гледавме како телиња во шарена врата, сега ќе гледавме во печен вол на жар.
Народот ги има сите органи на главата. Политичарите немаат образ.
Статистиката покажува дека највеќе серат оние на кои што им е посран газот.