Афоризми: Атанас Крлевски – Б03

ПРЕТХОДНО ИЗБРАНИТЕ НЕ РАБОТЕА НИШТО, А ОВИЕ РАБОТАТ ШТО САКААТ.

 

Сум напишал многу автобиографски афоризми. И јас не сум цвеќе за мирисање.

 

Оставивме настаните да течат. Нѐ поплавија.

 

Ако си стигнал на небото, не заборавај дека си тргнал од земјата!

 

Откако владата ја изгуби главата, работи на проектот „Вештачка интелигенција“.

 

И изборите за животен сопатник може да имаат повеќе кругови.

 

Во книгите пишува дека демократијата е власт на народот. Хартијата трпи сé!

 

Бракот е последната глупост на ергенлакот.

 

Имаме светла перспектива. Пред нас е една светлосна година.

AdBlocker Message

Our website is made possible by displaying online advertisements to our visitors. Please consider supporting us by disabling your ad blocker.