КАЈ НАС НЕМА ШТО НЕМА. ЕДИНСТВЕНО НЕДОСТАСУВА ОНА ШТО ТРЕБА ДА ИМА.
Што вреди што имаме коњ за трка, кога е магарето оседлано за џокејот?!
За се што сака народот да го оствари мора чесно да се намачи. Тоа не е чесно!
Повеќе никого не го прашувај за здравје. Ќе те прогласат за болен.
Нему сè му е дозволено. Ете, народот што себе си допушти.
Лажица падната во мед е позлатена.