ПРОЅИРНИТЕ ЗАД СЕБЕ ОСТАВААТ НАЈГОЛЕМА СЕНКА!
Добро не служи апетитот – живи се изедовме.
При толку политичари-вампири , нормално е што сме општество без дух.
Сатиричарот игра со отворени карти – затоа нема “кец во ракавот”.
Не пуштија да стоиме пред нив за полесно да не поттурнат.
Ни овозможија ментална рамнотежа – сите побудаливме.
Имаме духовна анестезија – политичарите затоа успешно нѐ “оперираат”.
И политиката стана гранка на медицината – политичарите го импутираат духот на народот.
Како плод на многу евнуси во политиката – имаме јалова држава.
Не одбравме страна – застранивме!