Сѐ е јасно. Матни се.
Ја кренаа цената на маслото. Маста ни ја вадат.
Со секој примерок на купен весник, читателите добиваат вреден подарок – парче леб.
Денес за ручек немавме ништо. Тоа е специјалитет на нашата куќа.
Нашите политичари носат часовници од неколку илјади евра. Такво е времето кај нас.
Полни се теретаните од оние кои не креваат ништо потешко од лажица…
Наместо да стекнеме имунитет на стадо, ние стекнавме карактер…
Апсиме брзо и ефикасно. Доаѓање на домашна адреса. Лисиците наши, рацете ваши!