Афоризми: Васил Толевски – Б02

Од две зла народот секогаш го избира она кое има повеќе гласови!

 

Во гроб се вртат оние што се бореа за народот. Останатите се вртат од функција на функција.

 

Итно да се затворат сите училишта! Неписмените подобро живеат.

 

Денес човек мора да знае да лае! Инаку ќе остане гладен како пес.

 

За да се биде член на влада не се бара лекарско уверение! Затоа во неа има и по некоја будала!

 

Партиите се како детски градинки! Во нив израснаа нашите најдобри криминалци.

 

Не можам да ги менувам гаќите како што се менува нашата историја. Немам толку гаќи?!

 

Пред изборите излегоа од својата оаза и влегоа во пустината. Таму има повеќе гласачи.

 

Нашиот компас наместо игла има вретено. Да се знае чија мајка црна волна преде.

 

Имаме будали за извоз. Ама во светот нема будали кои би направиле увоз.

 

Ветија дека нема да не прислушкуваат. Под услов: уста да не отвораме!

 

Третата светска војна нека не смета на нас. Ние си имаме поголеми проблеми!

 

Нашите политички сомови се како ослиќ! Немаат глава.

 

Ни се заканува монархија. Избраните почнаа да се замислуваат дека се кралeви!

 

Оние што најмногу се грееја на сонцето, фрлија најголема сенка врз народот!

 

Не знам дали сме јавна или луда куќа! Тука и лудаците стануваат јавни личности.

 

Водачот треба секогаш да стои позади народот, ако сака да го води!

 

За темницата во која паднавме виновно е богатењето преку ноќ.

 

Диктатурата и демократијата живеат во слога онаму каде е диктаторот избран по демократски пат.

 

AdBlocker Message

Our website is made possible by displaying online advertisements to our visitors. Please consider supporting us by disabling your ad blocker.