Афоризми: Миле Ѓорѓијоски – Б02

Сатирични дамари

 

Полицијата постига половични резултати: ги одбрани политичарите од народот, но не и државата од нив!

 

Грабежот на векот место четири, ќе трае осум години. Водачот го повтори мандатот!

 

Ме известија дека сум добил втора награда, а не учествував на конкурсот. Да учествуваав, сигурно ќе победев!

 

Не ни треба бесилка! Во цврсти раце сме!

 

Ризично е на Балканот да се копа по минатото. Ќе се откопаат воените секири

 

На патот за Европа нема црни мачки. За разлика од нас, тие не одат по козји патеки!

 

Нема шанси да легнам на брашно. Немам пари за таков луксуз.

 

Сивата економија доби ново руво – боите на партиите на власт.

 

Барам работа, не ‘рчам додека спијам!

 

За него одењето на работа е празник. Затоа кога ќе стигне таму ништо не работи.

 

Не барајте да го чуваат јазикот од оние што лижат задници!

 

Аплаузот не делуваше превентивно на говорникот! Продолжи да зборува.

 

Ја сведоа стапката на невработеност со нула! Ги помножиа невработените со неа!

AdBlocker Message

Our website is made possible by displaying online advertisements to our visitors. Please consider supporting us by disabling your ad blocker.