Милицијата постапи меко со насилниците, грбовите им ги направи помеки од стомаците.
Добрината стана неподнослива, веќе не е толку добра колку што е неподнослива.
Постам, значи – постојам.
Фашизмот може да создаде само антифашизам.
Сѐ додека веруваме во законот на еволуцијата ќе прават мајмуни од нас..
Ни се врати оптимизмот, никаде не го примале.
Пендракот ќе каже колку е полицискиот час.
Како да не им се ситиме, кога нѐ тераат на повраќање?
Нештата кои не се говорат од срам, ќе ги одмолчи стравот.
Какви лудаци водат држави – од умот да се подизгубиш!