Афоризми: Тања Павлеска Аждерска – Б02

НОВА АЖДАЈА

 

Ние за ѕвончето, ѕвончето на врата.

 

Дојди кај мене ако немаш попаметна срамота.

 

Носењето марама ми е преку глава.

 

За добра утеха нема лоша катастрофа.

 

Убав инает е пола здравје.

 

Одам само во сместување со убав поглед, бидејќи сум прозоруша.

 

Ти фалат сантиметри за да бидеш на висина на задачата.

 

Не им кажувај дека си низок, може нема да приметат.

 

Дом е кога умот, срцето и телото ти живеат на иста адреса.

AdBlocker Message

Our website is made possible by displaying online advertisements to our visitors. Please consider supporting us by disabling your ad blocker.